Нада Топчагиќ во полиција, сослушана за убиството на Јелена (Видео)


Во рамките на истрагата за брутално убиената пејачка Јелена Марјановиќ во полиција е сослушана нејзината колешка Нада Топчагиќ.

-Велат дека на толку брутален начин е убиена што е многу страшно. Сега доаѓаме од кај инспекторот, рече Нада за српски Курир.nada-topcagic-foto-aleksandar-jovanovic-cile-1459951372-880813-49058

По повод сомнежите дека Јелена имала прогонувач, Топчагиќ е повикана во полиција на информативен разговор, а на новинарите претходно им рекла дека нејзината блиска пријателка добивала заканувачки пораки, но не ги сфаќала сериозно.

Од таа причина Фејсбук и останатите социјални мрежи што ги користела Јелена се под будното око на инспекторот за технолошки криминал.

Инаку Јелена Крсмановиќ Марјановиќ е погребана денекса во Белгра.

И натаму не се знае кој ја уби пејачката, на која во текот на џогирањето на насипот и е смачкана главата. Сопругот Зоран по испитување од 48 часа, во вторникот е пуштен дома.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1