Надградбата на коса може да предизвика ќелавост


Сите кои сакаат долги и густи коси, а немаат среќа да имаат баш такви, во никој случај не би требало да размислуваат за нејзино издолжување. Ѕвездите како Наоми Кембел и Џенифер Анистон, се живи докази дека со таквото нешто всушност ги влошуваат работите.

Германските таблоиди неодамна објавија слика од Наоми Кембел на летувањето во Ибица, на кое се гледа како убавицата ја мачи губењето на косата. Пловењето во морската вода, откри дека преубавата манекенка всушност е прилично ќелава.

Експертите сметаат дека ова е последица на тоа што манекенката со години носела додатоци, кои се лепени на нејзината коса. Додатоците всушност ја кинат вистинската коса од коренот, по што тоа место отанува осетливо, а по одредено време се зголемува обемот и местото останува без коса.

И другите љубители на додатоци почуствувале слични непријатни последици. Меѓу нив се и Парис Хилтон, Линдзи Лоан и Бритни Спирс. Дури и Џенифер Анистон призна дека додатоците биле причина поради која што актерката почнала да ја губи косата.

Зошто продолжетоците се лоши?
Оштетувањето на косата особено е лошо ако тоа е поставено во близина на коренот. Ваквата коса станува тешка за коренот, а по неговото тргање, косата се мрси и дополнително ја оштетува.


Можно е и поместување на линијата на косата, па дури и трајно оштетување на коренот. Понекогаш тешките додатоци можат да предизвикаат главоболки, а во добар дел од случаите дури и испаѓање на природното влакно.
Докажано е и дека средството кое се користи за додатоците на коса, може да ги испука врвовите на влакното. Тоа доведува до алергиски реакции, како што е црвенило, пецкање, чешање и првут.
Доколку при надградбата на коса почуствувате силно затегнување, веднаш кажете му на фризерот. Презатегнатата коса при надоградбата боли подолг период – се додека природната коса не порасне онолку, да меѓу природното влакно и додатокот не има доволно простор.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1