Во Сараево вчера во вечерните часови дошло до наезда на мушички. Цели роеви мушички се забележани и во други градови на БиХ.
Инвазијата на облаци мушички се случила и во српскиот град Краљево во понеделникот. Мушичките го прекриле целиот град и предизвикале паника кај граѓаните.
Наездата на мушички, како што се претпоставува, е предизвикана од наглото зголемување на температурите за овој период од годината.
Наезда од мушички синоќа имаше и во Скопје, особено во парковите и покрај реката Вардар. Најбројни беа во населбите во општина Аеродром и во централното градско подрачје.
Станува збор за природен феномен бидејќи во ист момент излегле три до четири генерации мушички, a предаторите, птиците и лилјаци не успеале да воспостават рамнотежа.