Најмалку два случаи на каснување од змии овој период биле регистрирани во македонските болници. Во струмичко село осумгодишно дете налетало на влечуга додека си играло на ливада, а во велешката болница помош побарал и 39 годишен жител на Бузалково. За среќа и двајцата поминале без сериозни последици по здравјето. Освен змиите, топлото време предизвика и наезда од крлежи. Стотици граѓани изминатиот период побарале лекарска помош поради убод од овие инсекти. 45 од нив биле во амбулантата на Инфективна клиника. Меѓу нив е и мало дете на кое крлежот му се закачил на уво.
-Се јавуваат и кај нас, каде да побараат помош. Никако граѓаните сами да не ги вадат крлежите туку да побараат лекарска помош бидејќи симптомите на болест можат да се јават две до три недели по каснувањето, вели Марија Анастасова од Брза Помош
Лајмската болест е најчестата инфекција што ја пренесуваат крлежите. Годинава не е регистриран ваков случај. За да се избегнат компликациите од убодите и на крлежи и на змии, лекарите ги советуваат граѓаните да бидат внимателни кога се движат во природа.
-Да носат соодветна облека, панталони и покривање на голите делови од телото бидејќи крлежите се во тревите, вели др. Анастасова
Во меѓувреме, здравствените власти веќе излегоа со препораки поради невообичаено високите температури овој период од годината. Хронично болните редовно да ја земаат терапијата и да избегнуваат престој на отворено кога е најтопло.
Sitel.mk