Запалиле зaпленета марихуана, го „надувале“ цел град


Запалиле зaпленета марихуана, го „надувале“ цел град. Жителите на Турангиј во Нов Зеланд во петокот вечерта спиеле во длабок сон и тоа поради полицијата.Screenshot_27

Полициската станица што се наоѓа во близина на еден шопинг центар, што е мошне прометен, одлучила да ја запали запленетата марихуана.

Минувачите во овој дел од градот ги дочека густа магла, а некои дури и го искористиле ова, па седеле во автомобилите со отворени прозорци.

Видео снимката се појави на Фејсбук, а веста за миризливата магла беше пренесена од голем број светски медиуми.

Жителите на градот овој пропуст на полицијата го прифатиле со доза хумор.

-За жал поради временските услови и ветрот, чадот се прошири подалеку отколку што очекувавме. Се извинувам до заедницата во име на целата полициска станица, изјави началникот на полицијата Вервик Мореху.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1