Наезда од огрмони скакулци во Неготино – ги има и во Скопје


Неготинци мака мачат да се справат со скакулците. Деновиве во овој град има вистинска наезда од овие инсекти. Според сведочењето на граѓаните, скакулците ги има насекаде, по улиците, дворовите, домовите, на земјоделските површини и истите предизвикуваат вознемиреност на населението.

skakulec1404918930_thumb_medium490_0Од Ценатрот за јавно здравје од Велес  информираа дека станува збор за марокански „ увозни“ скакулци, а не домашни, кои како резултат на обилните врнежи од дожд во јужните краишта на светот, овде се дојдени од делови на Африка, пишува Дума.

Вечерва од 23 часот па се до раните утрински часови ќе се врши прскање против комарци на територијата на општина Неготино, а од Центарот за јавно здравје Велес додаваат дека ќе се употребат и препарати за уништување на скакулците, со напомена дека процесот за нивното уништување ќе се одвива  потешко, па токму затоа по 21 ден ќе биде потребно да се изврши второ прскање за елиминирање на истите.

Од Центарот за јавно здравје Велес на земјоделците им препорачуваат да користат инсектицид со силно иницирачко контактно и дигестивно, но кратко резидуелно дејство кое е селективно за животните кое може да делува за уништување на скакулците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1