Општина Битола го одбележа Денот на ослободувањето на градот 4 Ноември и додели награди на најзаслужните поединци и институции.
Со одлука на управниот одбор наградата за врвни годишни достигнувања и беше врачена на параолимпијката Оливера Наковска-Бикова која освои златен медал на параолимписките спортски игри во Лондон, додека за успешниот настап со претставата „Хенри Шести“ на културната олимпијада во главниот Британски град, општинско признание доби и НУ Народен театар-Битола.
За животно дело награден е македонскиот режисер од Битола Љубиша Георгиевски, актуелен амбасадор на Република Македонија во Република Србија.