Наградно прашање: Кога и во колку саат треба газдата на Канал 5 да оди на состанок кај Груевски???


Дел од транскриптите кои опозициониот лидер Зоран Заев ги објави денес се како што вели договарање за состанок на газдата на Канал 5 Емил Стојменов со премиерот Груевски. Арно ама од разговорите оди па свати кога треба да биде состанокот??? g_kanal5

29.1 Разговор помеѓу Емил Стојменов и Милена (секретарка на Груевски)

С: Ало Емил, Милена е на телефон
ЕС: Е, здраво Милена
С: А, Емил за состанокот во четврток кај премиерот, дали може наместо во 1 во 3 да дојдеш, кај премеирот…
ЕС: Ееј… Милена види ја сеа од тебе прв пат слушам место у 1 у 3 саат, значи не знаев дкеа треба у четврток да се видам со премиерот…
С: Ааа епа добро Ленче како се вика, мислев дека те известила…
ЕС: Ленче не ми се јавила, да знаеш само…
С: Епа добро добро, уште подобро…
ЕС: Значи сега како четврток у 3 саат тоа?
С: Да да…
ЕС: …порано не може, нели не може?
С: Не, не има странци, странски делегации…

ЕС: Нека биде ако биде во 3, за да стигнам вечер до 9 во Белград, важи?
С: Важи ќе стигнеш секако

29.3 Разговор помеѓу Емил Стојменов и Ленче Самарџиевска

ЕС: Да…
ЛС: Ало Емил, Ленче е
ЕС: Ее Ленче повели….
ЛС: Аа оваа средбава шо ја закажавте за 3 ипол, 4 ја поместуваме, во некоја гужва е…
ЕС: Добро, важи…
ЛС: Во 4…

29.4 Разговор помеѓу Ленче Самарџиевска и Емил Стојменов

ЕС: Ало
ЛС: Ало Емил
ЕС: Кажи Ленче
ЛС: За 5 те одлагам сеа…
ЕС: Добро…
ЛС: За 5…невидени гужви сме…
ЕС: Да а?
ЛС: Да, ептен

29.6 Разговор помеѓу Емил Стојменов и Ленче Самарџиевска

ЕС Ало
ЛС: Ало Емил, Ленче е
ЕС: Повели…
ЛС: Мислев да не забораи…
ЕС: Не, абе чекај сега да ти кажам, нели за у четврток за 5 ипол ми рече?
ЛС: Не, не,не, денеска…
ЕС: Хоууу… ја па си викав утре сабајле ќе ти се јавував да те прашам дали…
ЛС: Не, не, не… не е помрднато така си е во 5 саат денес
ЕС: Денес у 5 саат? Не иначе знаеш дека ја не заборавам, баш сеа сум пред 20 минути паа со Мартин зборев, за нешо друго се договаравме и викам утре ќе одам кај премиерот, ај шо да напраам да идам да се… значи ми треба за да дојдам, ми требаат едно да идам дома само да се пресо…да облечам пантолони и да дојдам, толку ми треба
ЛС: Добро ајде, те чекаме
ЕС: Важечки ли е тоа?
ЛС: Како не е важечки, те чекаме, ќе се деранжира цела програма
ЕС: Леле ајде, ајде
ЛС: Ајде

Видео на следниот ЛИНК 

 

 

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1