Најбогатиот човек во светот сака да се работи само три дена неделно


Мексиканскиот телекомуникациски магнат Карлос Слим предложи радикална промена во начинот на работење, со што работана недела би се свела на само три дена. 

Mexican tycoon Carlos Slim speaks during– Работејќи три дена неделно би имале повеќе време за опуштање и за квалитетен живот. Четири слободни дена во неделата би овозможило осмислување на нови активности за забава и за трошње на времнето, изјави Слим во обраќање на биснис форум во Парагвај.

Според 74-годишниот милијардер и филантроп Слим, со ова скратена работна недела би се продолжил и работниот век, па така луѓето би заминувале во пензија на 70 или 75 години.

Слим е извршен директор на телекомуникациската компанија „Телмекс“, која неодмна им овозможи на своите работници, кои се вработени во претпријатието пред нивната 20 година, кога ќе наполнат 50 години да можат да работат по четири дена во неделата, а сепак да добиваат цела плата.

Богатството на Слим, според „Форбс“, се проценува на над 80 милиарди долари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1