Најчевска: А да воведеме Есперанто и да тргнеме во иднината?


Што се однесува до мене може да ги води и на ладински јазик, меѓутоа тоа нема ни за ангстрем да ја промени положбата на граѓаните на Македонија од албанската етничка заедница, напиша на Фејсбук професорката Мирјана Најчевска по објавата дека претседателот на Собранието Талат Џафери го потпишал Законот за јазиците и реакцијата на вицепремиерот Бујар Османи дека Џафери може седниците да ги води на албански јазик.

– Нема да ги направи чесни луѓе партиските челници од албанската заедница, нема да го исчисти воздухот во Тетово и Гостивар и Кичево и Куманово и Струга, нема да го намали бројот на каменоломи по патот кон Маврово, нема да ја запре градежната мафија, нема да ги запре партиските вработувања, нема да ја намали неписменоста ниту пак доенечката смртност, нема …

Ова со јазициви најсериозно мислам дека е само фрлање на прашани во очите на луѓето.

Значи, ајде да видиме како новиот закон за јазиците ќе влијае на подобрувањето на благосостојбата на граѓаните.

Еве моиве Македонци цело време на македонски зборат на цела територија на Македонија и тоа не ги прави ни попаметни, ни помалку алчни ни помалку корумпирани.

А да воведеме Есперанто и да тргнеме во иднината?, напиша Најчевска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1