Најчувана тајна – Девојчиња присилени да живеат како момчиња – биле срам за семејството


Иако изгледа како среќно момче, кое игра фудбал и ужива во дружењето со сестрите, 7- годишниот Меран живее во лага, за да го поштеди своето семејство од срам.

Меран всушност е девојче, кое како и многу други живее во лага поради неможноста нејзиното семејство да има син, а сака да создаде можност во општеството во кое жените се зад затврени врати.meran-630x507

Страдањата на девојчињата заробени во тело на момчиња ги опишала авторката Џени Нордберг во својата книга „The Undergraund Girls of kabul“, која се надева дека ќе крене светско внимание за овој проблем.

„Ова е универзална приказна за угнетувањето, кое длабоко ме погодува. Најлошо е што за ова многу малку се знае и претставува најмистериозен и најзатворен дел од авганистанското општество и култура“, вели авторката на книгата.

Верувале или не, до 2010 година не се знаело за постоењето на феноменот девојчиња преправени во момчиња- bacha posh, како што ги нарекуваат.

Овие девојчиња се одгледувани како мочиња од повеќе причини, а главна е дека во Авганистан се смета дека само машките деца вредат. Во длабоко партијархално општество, каде само мажите наследуваат недвижнини и го издржуваат семејството со својата работа, семејставата без син се сметаат за слаби, некомплетни, а родителите се сожалуваат.devojka

 

За жал ова е единствен начин семејството со женски деца да се избори со неправдата која ќе им биде нанесена, поради што не е необично што девојчињата де преправаат во момчиња и така ги претставуваат на светот.

Малите момчиња во пубертетот се враќаат во својот оригинален пол, иако некои девојчиња се согласуваат на машкиот имиџ се додека не се омажат.

„Во Авганистан момчињата може слободно да се движат, да играат надвор, да возат велосипед, да бидат во друштво со постари момчиња. На девојчињата тоа не им е дозволено. Затоа преправеното девојче може да има широк полгед на светот и поголеми привилегии, има шанси да оди на училиште во областите каде тоа не е дозволено“, вели авторката.

Сепак, враќањето во женскиот род после толку години поминати во машкиот свет не е толку лесно и едноставно. Тогаш малиот простор за слобода се затвора, а девојките почнуваат да носат марами и се подготвуваат за брак со маж кој го избрале нивните родители.

Токму од таа причина 15- годишната Захра, чија приказна се јавува во книгата, никогаш не би сакала да биде жена во Авганистан.

Девојчињата кои се претставуваат како момчиња во Авганистан не се единствениот случај. Тоа е нешто со што во текот на историјата се соочувале жените за да можат да ги оставрат своите човекови права, како правото на образование. Сепак, во 2014 година авганистанките девојчиња/момчиња се симптом за екстремно дисфункционално општество кое несомнено мора да се менува.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1