Најден во еден момент ги затворил очињата и престанал да дише – лекарите мислеле дека го загубиле


Најден, во текот на вчерашната операција на Kлиниката за уво нос и грло, на секунда решил да здивне, ги затворил очите го изгубил здивот, како да сакал да заборави на ѕверствата што ги преживеал и тоа на само неколку часа откако се родил, како за секунда да сонувал убав детски сон, велат растреперени лекарите што вчера присуствувале на операцијата.

bebe44– Го изгубивме! – помислив. Детето помодре, ние сите над него без здив бдеевме, но тој одеднаш силно ги отвори своите очиња: Еве сум, сакам да живеам !- како да рече. Му се врати бојата на лицето, а ние успеавме да завршиме една многу тешка и сложена операција – трахеотомија. Најден е чудо од дете, како лекар не можам да поверувам во неговата волја за живот, каков борец е тој, тоа дете е посебно, неверојатно храбро. Иако има само неколку месеци, ја издржa болката. Пред да го сретнам навистина не можев да разберам зошто толку многу јавноста сака да знае за ова дете, сега знам, Најден е чудо од дете, вели Никола Николовски, директор на Kлиниката за уво нос и грло.

Николовски објасни дека операцијата на Најден ја направиле речиси во последен момент, станува збор за зафат на системот за дишење и системот за голтање, два многу важни фактора за да може да се живее.

– Поради отсечениот јазик, ткивата околу него по природен пат почнале да се регенерираат, но, за жал, во случајот на Најден тоа не било на позитивен начин, туку тоа ќе го убиело. Работата тргнала на лошо. Ткивото почнало да го заробува неговото грло. Направивме исклучително тежок зафат. Сега Најден е стабилен, има можност самостојно да дише, а многу скоро ќе почне да се храни со цевче од стомак. Најден пред себе има уште зафати, но пресадувањето јазик ќе биде една од најсложените. Досега во светот на само две деца им била правена таква операција. Во контакт сме со врвни лекари од Лондон, Америка и Дубаи. Сите се заинтересирани за случајот на Најден. Сите толку многу сакаат Најден да успее, дури лекарите од Дубаи ни понудија тоа да го направат бесплатно. Овој тип операции се речиси експериментални, оти многу ретко се случува дете да остане без јазик, вели Николовски.

Најден ќе остане на Kлиниката за интензивна нега уште неколку дена, потоа се очекува да го префрлат во неговата соба.

Директорката на детската клиника Аспазија Софијанова вели дека тим од лекари и сестри се постојано околу Најден.

– Ако кажам дека треперев за време на операцијата како за син што сум го родила, не знам дали некој ќе ми верува. Најден едноставно н` освои, правиме с` што може тој да се извлече. Операцијата помина добро. Сега комплетно го средиве дишењето, да го средиме и голтањето и Најден ќе може малку да се одмори од лекари и од болници, вели Софијанова.

Повеќе на – Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1