Откритие: Три нови супер земји, вонземјаните можеби ни се во комшии


Новооткриените планети научниците ги нарекоа супер земји со поволни услови за живот со температури кои дозволуваат постоење на вода во течна состојба. Секоја од нив би имала три сонца, од кои едното би било доминантно, а другите две би биле со величина и светлост на нашата Месечина

planetaПрашање на време е кога ќе воспоставиме контакт со нова цивилизација. Астрономите неодамна пронајдоа три ѕвезди со слични карактеристики на Земјата, на коишто може да се развие живот сличен на овој на нашата планета. Ова најново откритие за светската научна јавност е особено значајно поради тоа што системот од трите супер земји Глис 667С од Земјата се оддалечени само 22 светлосни години, што во вселенски размери значи дека ни се први соседи.

Ѕвездата Глис 667С, главна во системот три ѕвезди е помала, послаба и поладна од Сонцето и има маса за една третина помала од нашите ѕвезди. Ова значи дека е “населива зона” далеку потесна отколку во нашиот сончев систем, но и покрај тоа три планети среќници успеале да се протнат внатре.

Астрономите со години се во потрага по планети кои ќе бидат погодни за живот, бидејќи условите за опстанок на нашата цивилизација на Земјата стануваат се полоши поради зголемениот раст на населението како и неразумното трошење на расположливите ресурси, особено на водата за пиење.

Вечер

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1