Најдена тајна врата во Мачу Пикчу – го бараат богаството на Инките


petroglyphes-pusharo

Повеќе од 15 години Thierry Jamin, француски археолог ги крстосува џунглите во Перу во секоја можна насока барајќи патокази кои водат до скриениот град на Инките – легендарниот изгубен град Паитити. Ги истражувал пирамидите во џунглата Madre de Dios, и каде уште не но се досега не нашол никаков цврст доказ или патоказ.

По откривањето на 13 локации во близина на Cuzco, во 2011 археологот го започнал своето неверојатно истражување на Мачу Пикчу.

Пред неколку месеци дошле до спектакуларно откритие во градот на Инките кој бил откриен уште од Hiram Bingham во 1911. во 2010 David Crespy истражувајќи нашол чудни засолништа во срцето на градот на дното на главната зграда.

80_-_Machu_Picchu_-_Juin_2009_-_edit.2со деталното истражување нашле врата – влез кои бил запечатен од инките. Веднаш побарале од министерството за култура на Лима дозвола за ископување и користење на електромагнетни инструменти. Добиле дозвола и во Април 2012 потврдија дека има подземна соба. Откриле и скалила кој водат надолу.

Сега испитуваат дали има присуство на метал, злато и сребро.

Нареден чекот вели Thierry Jamin е отварање на вратата се чека на дозвола. Но археологот верува дека го пронашле загубениот град за кои со години се говори како и можноста да го принашле закопаното, скриено богатство на Инките.

Проектот Мачу Пикчу 2012  – како што го носи името е продолжен на период од 6 месеци и нивните истражувања допрва ќе го занемат светот.
Website : http://www.machupicchu-2012.com

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1