Најдени делови од авионот на Малезија ерлајнс што лани мистериозно исчезна? (ФОТО+ВИДЕО)


Остатоци од авион, за кои се претпоставува дека се од исчезнатиот малезиски авион MH370, беа најдени источно од Мадагаскар, соопшти CNN.ostatoci

Во следниот период ќе се врши анализа на остатоците, за да се утврди дали припаѓаат на исчезнатиот малезиски авион.

Боинг 777, кој леташе од Куала Лумпур кон Пекинг, ноќта на 8 март минатата година исчезна од радарот околу два часа по полетувањето. Во авионот имаше 227 патници и 12 членови на екипажот.

Властите официјално ги прогласија за мртви. Истрагата се вршеше во акваторијата на Индискиот океан, каде што веќе беа прегледани десетици илјади квадратни километри, но не беа откриени остатоци од авион.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1