Излезе вистината: Кого сакала ЦИА да постави на чело на Југославија по Тито


Првиот претседател на Сојузна Република Југославија, Добрица Ќосиќ кој воедно е и писател,  не можел ниту да претпостави каква понуда ќе добиел во времето на падот на Берлинскиот ѕид.

Сето тоа се случувало за време на големите раздвижувања во Европа на преминот од 80-тите кон 90-тите години на минатиот век.tito braj

– Дваесетина дена после смртта на Тито ме повика мојот издавач од Америка и ми кажа дека итно мора да отпатувам во Лондон. Заедно со својата ќерка која што одлично говори англиски отпатував во Британската престолнина. Отидов во најнормален хотел и му се јавив на издавачот кој што нè повика на ручек, изјавил Ќосиќ.

Издавачот Вилијам Јовановиќ, кој што тогаш ја издал “Време на смртта” на српски јазик и на англиски јазик, ги повел на прошетка низ Лондон, на улиците на овој градот, во најголемиот градски метеж.

– За веднаш да ви биде појасно, јас сум претставник на ЦИА и ви ја пренесувам пораката од владата на Јуриј Андропов и американската влада. Американската и советската влада сакаат да најдат заменик за Тито. Имаше два кандидати, Милован Ѓилас и вие. Заклучивме дека вие сте помлад и повеќе популарен. Одлуката на нашите служби, американската и советската, е дека се работи на случајот токму вие да го замените Тито и да ја преземете власта во Југославија, му рекол Јовановиќ на Ќосиќ, пренесува српски Телеграф.dobrica cosic

– Ја одбив понудата на Тито, а ја одбивам и вашата бидејќи немам такви способности. Како може да ви падне воопшто на памет за еден писател, потполно неквалификуван, да може да го замени Тито. Како воопшто и може да се замени Тито, го запрашал Ќосиќ Јовановиќ.

– Нема што тука вие да работите. Тоа го прават тајните служби. Вие само треба да се согласите и да се однесувате соодветно на приликите и соодветно според нашите проценки. Ќе работиме и на тоа да добиете Нобелова награда за книжевност, му рекол Јовановиќ.

Добросав “Добрица” Ќосиќ (29.12.1921 — 18.06.2014) бил српски писател, политички и национални теоретичар и редовен член на САНУ, како и прв претседател на Сојузна Република Југославија од 1992-рата до 1993-тата година.

А неговата желба било сето ова да биде објавено после неговата смрт.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1