Најдени двете тела – се удавиле и бебенцето и 3 год девојче, кои ги повлече надојдената река


Телото на тригодишното девојче Маша Миленковиќ е пронајдено денеска во реката Турија на околу 500 метри од местото каде паднала, а нуркачите од жандармеријата околу 13.30 часот го пронајдоа и телото на малиот Мартин.

masa-milenkovic-martin-milenkovic-reka-turija-deca-davljenje-1398288775-485099Телото на несреќното девојче е пронајдено од нуркачите околи 11.35 часот под еден труп, на 500 метри од местото каде се удавила, а по два часа телото на 11-месечното бебе е пронајдено на километар од местото каде е пронајдено девојчето.

Нуркачите ги извадија телата на двете деца и ги предадоа на обдукција.

На брегот на реката плач и тага, а додека траела потрагата тука биле таткото и бабата на децата, а откако се пронајдени повикана е и мајката.

Децата во средата паднаа во водите на надојдената река Турија во селото Банковац кај Алексинац. Децата реката ги однела пред очите на мајката која според полицијата, тоа кобно утро ги извадила надвор да ги прошета.

Специјални нуркачки тимови уште вчера веднаш по дојавата почнаа да ја пребаруваат реката, но до смрачувањето не успеаја да ги пронајдат телата на децата.

-Околу 10 часот дојдовме до реката бидејќи Маша сакаше да фрла камчиња во водата. Фрли еден камен, се затетерави и падна во водата. Ја фатив за облеката и се обидов да ја зивлечам, ама загубил рамнотежа и падна во реката, а Мартин ми падна од раце. Ја слушнав Маша како вика Мамо и тоне во брановите, а Мартин го гледав како ми исчезнува пред очите. Викав помош, па дојде еден сосед и ме извлече надвор, ама на децата им немаше помо – вака мајката ја опиша трагедијата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1