Најди WC на гробиштата во Бутел – научна фантастила или хорор филм


Изреволтиран граќанин со писмо до Утрински весник реагира за тоалетите на градските гробишта бутел – прво да ги најдете треба да имате среќа место зорт, а и кога ќе влезете како да сте влегле во сцена на хорор филм, вели граѓанинот. Еве дел од неговото писмо…

Halloween_SamaratoiletДа не ви даде Господ, покрај тажната причина што сте дојдени на гробиштата „Бутел“, да ве стисне, па итно да ви затреба тоалет. Прв проблем е што за, како ќе се види божемен тоалет, се дознава преку усно предание. Нема табли кои ќе ве насочат кон него, нема пат, светло. Како намерно да се крие овој жален контрапункт на сјајот во центарот на метрополата, сторен со проектот „Скопје 2014“.

Објектот наликува на реликт од 19 век, како да е ад хок направен за некои аскери во транзит – на пустелија, дамно пред првите гробови. Има неколку „боксови“, кои асоцираат на штали, па не е чудо што нема „за мажи“ – „за жени“.

И самото доаѓање и влегување во објектот претставува авантура. Веднаш ќе разберете дека под објектот е септичка јама. Ѕидовите во „боксовите“, како и бетонскиот под, со застрашувачки триаголни дупки, вообичаено се гнасни. Вратите не можат да се блокираат, таму нема вода, па оттаму нема ни систем за плакнење, па за миење раце, и други „трици“ што одат со ова. Згора, таму е темница сред бел ден. Затоа морате да внимавате каде да стапнете – за да не се избербатите.

Претпоставувам дека секогаш оправдување било „има многу поважни проблеми“ или „нема пари“. А чинам дека за современ објект на „Бутел“, на пример, треба помалку пари отколку што чини една узенгија на „Воинот на коњот“.

Драгољуб Марковски

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1