Најдобри трикови за брзо миење на садовите


Миењето на садовите обично е најомразениот дел од домаќинството.Сепак, постојат некои навистина добри трикови кои ќе ви помогнат брзо да ги измиете садовите.

Дури и оние домаќини кои имаат машина за садови мораат да измијат рачно, барем неколку садови. За да не останете заробени покрај мијалникот како заробеници некои совети се многу корисни за забрзување на процесот.

Четка

sadovi-650x325Сунѓерите се добри за стаклени садови и чаши, но добра четка со рачка може да направи чуда. Многу брзо ќе ги измиете чиниите, тафчињата и тепсиите. Најдобро од се е што е лесна за чистење и одржување ( Многу од нив можете сигурно да ги миете и во машина за садови или кратко да ги покиснете во врела вода со малку детергент).

За миење на садовите најдобро е да се подготвите или ќе ве очекува долго време триење. Наполнете го мијалникот со врела вода, нанесете од детергентот, па ставете ги садовите внатре ( колку што може или барем оние најтврдокорните). Оставете да се накиснат додека водата не се олади и тогаш миењето ќе биде речиси завршено. Треба само лесно да поминете со сунѓерот. Додека тие се киснат можете да завршите друга работа или едноставно да се одморите).

„Катови“ и лушпи од јајца

Доколку имате за миење многу чинии, наредете ги еден врз друг, но развојте ги со лажива или вилушка (само меѓу нив ставете по една). Пуштете во чинијата најгоре млаз топла вода и оставете ги да отстојат.
А што е со тенџерињата од загорената храна? Е тука можат да се најдат лушпите од јајца.  Најдобро е да ги раздробите добро и да ги додадете во водата и детергентот во мијалникот и да оставите да отстои. Тие се особено ефикасни за загорена храна која останала на подлогата. Потоа перете како и обично.

365.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1