Камшикување жени, палење на Јуда – велигденски обичаи во светот


Во Чешка и во Словачка, мажите и момчињата ги камшикуваат жените и девојките со декорирани инструменти, кои се обично украсени со шарени ленти.

kamsik veligdenОвој обичај традиционално се одржува во понеделник, на вториот ден од Велигден и не е наменет да им предизвикува болка на жените, туку има за цел да го охрабри чувањето на доброто здравје и убавина .

Според старата традиција во овие земји мажите ги камшикуваат жените – во Чешка камшикот се нарекува помлазка, додека во Словачка се нарекува корбач. Камшикот се изработува од преплетени прачки од врба. Камшиците се долги околу метар и на крајот имаат шарени ленти.

– Германците за време на Велигден  oстатоците од новогодишни елки се собираат на куп и се палат како симбол дека дошол крајот на зимата и настапува пролетта.

jagne od puter– Во Полска и во Русија се прават јагниња од путер. Путерот е извајан во форма на јагне, кој придружува еден оброк.

– Додека во Нов Зеланд традиција е да се кријат велигденските јајца, некои луѓе во Швајцарија гордо ги покажуваат. Во Нион, близу Женева, традиција е да се украсуваат фонтани со цвеќиња, панделки и јајца.

– Камбаните во француските цркви не бијат на Велики петок како признание за смртта на Исус. Но, легендата вели дека камбаните всушност летаат кон Рим и се враќаат назад на време за да заѕвонат на Велигден. Постојат многу слики и фотографии кои сведочат за оваа традиција.

– Секој Велигден во Норвешка телевизиите прикажуваат детективски стории. Во списанијата исто така се објавуваат крими стории во коишто читателите можат да ја испробаат својата способност да го откријат виновникот.

palenje juda– Спалувањето на Јуда е древен Велигденски обичај во православните и католичките земји, но денеска се практикува само во неколку земји. Ликот на Јуда е често прикажан и изгорен на Велигден во некои делови од Грција, Мексико, Португалија и Шпанија.

– Полска традиција вели дека на мажите во Полска не им е дозволено да прават Велигденски леб, а некои тврдат дека не смеат да приготвуваат никаква храна за време на Велигденските денови, од страв дека ќе им побелат мустаќите.

– Во Финска децата се облекуваат како вештерки и талкаат по улиците со метли во рацете во потрага по колачиња. Се вели дека традицијата започнала со верувањето дека вештерките летале во Германија и лудувале со Сатаната. Затоа, се палат големи логорски огнови за да ги исплашат и да ги истераат што подалеку.

– Англичаните ги тркалаат велигденските јајца. Тркалањето на јајца сè уште е доста популарен спорт во Обединетото Кралство. Натпреварот се состои во тркалање на јајца надолу по големи ридови. Оној чие јајце ќе се истркала најдалеку или пак нема да се скрши при тркалањето, победува.

– Чоколаден билби е малечок вид зајак-торбар со големи уши, кој се закопува под земја. Потекнува од Австралија. И тој е овековечен во чоколадна форма.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1