Најдобриот дедо: Дедо Добри е питач – но не за себе – се што ќе му дадат дава на црква (Видео)


Овој деденце се вика Добри и името велат свештените лица и те како му прилега. Приказната за него ги преплави социјалните мрежи – ви ја пренесуваме и ние.

Дедо Добри е сиромашен, посиромашен неможе да биде. Живее во Бајлово во Бугарија, а деновите ги минува просејќи пред храмот – но дедо Добри не проси за себе. Секое денарче кое ќе го добие на крајот на денот тој го носи и го донира во црквата.

dedenceНеверојатен е фактот дека во последните 20 години на Бугарската Православна Црква и донирал преку 20 000 евра. Свештените лица кога виделе дека редовно донира почнале да запишуваат и до денеска таа сума е 20 000 евра.

Дедо добри живее подалеку од централното подрачје каде е црквата и секој ден пешачи по неколку километри само за да стаса до храмот. Проси цел ден, ги остава сите пари во црквата и повторно пешки се враќа назад до својот скромен дом. Јаде што ќе му дадат од црквата или добрите минувачи.

Сите веќе добро го познаваат овој деденце – и редовно му даваат пари. Верувале или не има 99 години.  Го викаат праведникот од Бајлово.

Не зборува многу, но секогаш е насмеан – и на сите кој ќе му дадат пари им ги бакнува рацете велејќи дека дале за господ – оној кој се грижи за сите нас. Навистина приказна од која се разнежнува срцето и враќа доверба во добрината.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1