Сакате да бидете стујардеса – „Катар Ервејс“ бара стјуардеси и друг персонал од Македонија


Авиокомпанијата Катар Ервејс, преку оглас за вработување бара стјуардеси и друг помошен персонал од Македонија

Заинтересираните кандидати ќе можат да се јават на интервју на 1 март во хотелот Холидеј Ин во Скопје.
Авиокомпанијата Катар Ервејс бара да вработи персонал од Македонија, а отворените позиции се со седиште во Доха, Катар.

qatar-makedonija500Според огласот за вработување се бара кабински персонал за во авионите на Катар Ервејс, а компанијата организира разговор со заинтересираните за да можат директно да се запознаат со условите што ги нуди оваа компанија.

Заинтересираните кандидати потребно е да приложат имаат кратка биографија и една фотографија со големина колку за пасош.

За кандидати кои ќе влезат во потесен круг ќе следи дополнителен процес на селекција и проверка на знаењата и вештините.

Инаку Катар Ервејс е една од оние авиокомпании кои својот кадар го регрутираше од балканските земји и преку интернет. Секој можеше и преку Фејсбук да аплицира. Според информациите, голем број српски државјани работат во моментот за оваа компанија која е со седиште е во Доха, Катар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1