Венизелос пречекан со протести (Видео)


Неколку десетици граѓани денес пред Владата на Р. Македонија искочија на протест по повод посетата на грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос.

1795551_10152247276852138_214719825_nДемонстрантите порачале дека Венизелос мора да го почитува правото на избор на име и држава, да го почитува правото за национална јазична и културна самоидентификација на секоја единка и народ, и да го почитува македонскиот идентитет, како и правата на македонското малцинство во Грција.

Претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров воедно побара и крај на разговорите за промена на државното име. Од пред Владата каде протестираа 50-на луѓе, Петров побара да се вратат имотите на прогонетите Македонци, упати порака за мир и љубов помеѓу народите, но и побара извинување од Грција за геноцидот врз Македонците од страна на јужниот сосед.

Видео – А1Он

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1