Најефективна диета – се слабее 15 кг за месец – но е контраверзна и опасна велат лекарите


Опасна диета. Во јазикот вградуваат импланти поради кои е невозможно да се јаде. Пластичниот имплант оневозможува да се внесува тврда храна. Може да се внесе само течност. Оние кои се решиле на оваа опасна метода слабеат и по 15 килограми месечно!

dr.-Nikolas-ChugayЕдинственото место каде може да се вгради овој имплант е Калифорнија, во клиниката на д-р Николас Чугај (Nikolas Chugay) кој својот изум го нарекува „чудесен имплант“.

Се работи за пластичен имплант кој им се вградува во јазикот на оние кои сакаат на ваков начин да ослабнат. Додека го имаат имплантот за нив е многу болно да јадат тврда храна и можат да внесуваат само течност.

Ова е најновата мода во Беверли Хилс и веќе се зборува дека на овој начин за еден месец, колку што докторот го остава овој имплант во устата на пациентите, се слабее до 15 килограми.

Методата има многу критичари.

ht_TonguePatch2_090925_mn-Тоа е измама и неетичен зафат. Течната диета од 800 калории е опасна, а секоја интервенција на јазикот е голем ризик од инфекции – велат критичарите.

“Не гледам никаква штета во овој минимално инвазивен зафат со кој им се помага на пациентите со прекумерна тежина”, вели д-р. Чугај, кој зафатот го нарекува “Магичен додаток” во одговор на критичарите на ЈуТјуб.

Но, без разлика на критиките, д-р. Чугај досега го извршил зафатот на околу 60 луѓе, а моментално станува популарен и во Венецуела. Ана Мариа Пара од Каракас тврди дека од 2011 година кога почнала да го нуди зафатот, кај неа дошле 900 луѓе на консултации.

Таа за овој зафат наплаќа 150, додека Чугај наплаќа 2,000 долари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1