Сонот ќе биде еден од најголемите предизвици со кои ќе се соочат астронаутите во идните мисии кои за цел ќе имаат да го пратат човекот на Марс.
Ова е резултат на истражувањето кое било направено со шест лица кои поминале 520 дена и ноќи, во свемирски хангр за време на една симулација на патот кон Марс.
Марс 500 проектот започнал на 3 јуни 2009 година, кога три Руси, Италијанец, Франуцзин и Кинез влегле во специјалниот хангар во Москва, во кој што немало достапност на природна светлина, свеж воздух и можност за комуникација со други луѓе.
Наредните 18 месеци овие доброволци секојдневно спроведувале серија на дневни должности како би ја симулирале површината на Марс.
Истражувањето било со цел да ги набљудуваат сите нивни односи, психолошки и физички, по што откриле дека постојат големи разлики во нивните фази на будност и спиење.
Циркадијалниот ритам на еден учесник (биолошкиот дневен ритам на кој е навикнато нашето тело) се променувал во период од 24 часа на 25 часа, што значи дека секој 12 ден неговото тело, давало знаци дека е полноќ, во моментот кога сите останати мислеле дека е пладне.
И додека повеќемината од екипажот, како што напредувала мисијата, спиела од досада, еден член прогресивно спиел се помалку до самиот крај, по што кај него е приметено дека е хронично ненаспан.
„Едно од најголемите изненадувања кај екипажот биле големите разлики, кога е во прашање сонот“, изјавил Матиас Беснер, истражувач на полето на сонот од Универзитетот во Пенсилванија.
Идентификувањето на личноста која што има проблем со сонот може да биде исклучително важна прилика на спроведувањето на мисијата на Марс затоа што е потребно, екипажот да биде постојано на штрек. Дури и во деновите која мисијата е помалку занимлива.
Сонот е круцијален за секоја идна мисија на Марс затоа што бара сите членови да бидат долг период заедно во затворен простор без никакви знакови за тоа дали надвор е дење или ноќе.
Марс 500 е проект кој финансиски е поддржан од Европската вселенска агенција во обид да ги идентификуваат сите психолошки и физички проблеми кои можат да се јават за време на вселенската мисија.
Професорот Гро Сандал, психолог од Универзитетот Берген во Норвешка, кој ги прател членовите на посадата, изјавил дека меѓу нив генерално постои хармоничен однос, и покрај малите проблеми.
„Секогаш ќе постојат тензии кога имате повеќе луѓе кои делат мал простор за време на долгиот временски период. Кога се во прашање долгите мисии, важно е да ја одржувате концентрацијата и мотивацијата на екипажот. Монотонијата и досадата претставуваат најголеми активатори на стресот, без оглед на тоа колку идејата за патувањето на Марс е возбудлива“, вели Сандал.