НАЈГОЛЕМАТА ЗАКАНА ЗА ПУТИН: Ходорковски ќе бара азил во Британија


Поранешниот нафтен магнат и бизнисмен, критичарот на Кремљ, Михаил Ходорковски изјави дека потерницата за негово апсење покажува дека рускиот претседател Владимир Путин на него гледа како на сериозна закана и дека размислува да побара азил во Британија.

Ова тој го изјави во интервју за Би би си, откако рускиот суд објави негово апсење во отстуство. 26351golema
Тој појасни дека Путин него пред се го гледа како закана, пред е економска, поради можното одземање на рускиот имот во странство, но и политичка, бидејќи тој би можел да застане зад некои продемократски кандидати на изборите во 2016.

Рускиот суд вчера распиша меѓународна потерница по Ходорковски по обвинението од минатиот месец за убиство. На почетокот на месецов, руските истражители го обвинија во отсуство дека го организирал убиството на сибирскиот градоначалник во 1998 година, а потоа и за обид за убиство на две лица.

Ходорковски, некогаш најбогатиот човек во Русија, беше помилуван од претседателот Владимир Путин во декември 2013 година, по десет години во затвор.

Ходорковски  оттогаш живее во странство, главно во Швајцарија. При напуштањето на земјата, тој изјави дека нема да се занимава со политика – нешто што според многумина е и причина за негово ослободување.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1