Најголемите љубовни приказни на сите времиња (Фото)


kupid srceПоради голема љубов биле водени војни, се оставало сé, биле победувани катастрофи, болести, оставани престоли, жртвувања …

Oва се најголемите љубовни приказни на сите времиња.

Шах Јахан и Мумтаз Махал

Во 1612 година, една тинејџерка по име Арџуманд Бано Бегум, се омажила со 15-годишниот Шах Јахан, владетел на империјата Мугхал. Таа била прекрстена во Мумтаз Махал и му родила 14 деца, со што му станала негова најомилена сопруга.

tadj mahalПо смртта на Мумтаз во 1629 година, императорот решил за својата огромна и непрежалена љубов да изгради споменик.

Биле потребни повеќе од 20.000 работници и 1.000 слонови, за во период од 20 години да биде завршен овој споменик (Таџ Махал). За жал, Шах Јахан не бил во можност да го заврши мавзолејот од црн мермер кој го планирал за себе.

Симнат од тронот (од страна на неговиот син), Шах Јахан бил затворен во Форт Ред на Агра, поминувајќи долги и осамени часови, гледајќи од другата страна на реката Јамуна, во споменикот на неговата сакана кралица. Бил погребан покрај неа во Таџ Махал.

Kleopatra i Marko Antonio_300

Клеопатра и Марко Антоние 

31. година пред нашата ера, во Рим и Египет

Нивната љубов е посебна затоа што тие толку многу се сакале, па дури започнале и војна за да ги разделат. Кога  Марко Антоние ја оставил својата жена Октавија поради египетската кралица клеопатра, нејзините браќа испратиле војска во Рим за да ги уништат заљубените по секоја цена.

Но тие се сакале толку многу што не можеле да поднесат да бидат разделени, па извршиле самоубиство.

tristanТристан и Изолда 1200. година во Ирска

Оваа љубов ја прави посебна тоа што Тристан се заљубил во Изолда, која била жена на неговиот вујко, кралот Maрк. Вовлечени во триалголник не успеле многу долго да ја сокријат нивната страст, па затоа се впуштиле во прељуба.

Кога неговиот вујко ја открил нивната љубов го убил Тристан со отровен меч, кога Изолда го видела неговото мртво тело умрела од тага.

Ланселот и Гвинивер

Трагичната љубов на Сер Ланселот и Кралицата Гвинивер е најверојатно една од најраскажуваните легенди. Ланселот се вљубил во Кралицата Гвинивер, жената на Кралот Артур. Нивната љубов полека прераснувала во голема страст и така тие станале љубовници.

lanselot

Една вечер, Сер Аграваин и Сер Модфред (внуци на Кралот Артур) довеле група од 12 витези пред одаите на Гвинивер каде го фатиле овој љубовен пар. Сер Ланселот многу брзо избегал од местото, но Гвинивер ја немала таа среќа.

Таа била заробена и осудена на смрт за нејзиното предавство. Според пресудата таа требала да биде ставена на клада и запалена. Сер Ланселот се вратил неколку дена подоцна за да ја спаси својата сакана. Оваа тажна афера ги поделила витезите на Тркалезната маса и го ослабнала кралството на Крал Артур. Ланселот бил прогонет и го поминал остатокот од својот живот како бездомник, додека Гвинивер станала калуѓерка и останала да живее затворена во манастир до својата смрт.

Инес де Кастро и Крал Педро
Љубовната приказна меѓу дворската дама и принцот наследник на португалскиот трон, почнала уште кога тој бил в брак со принцезата Костанза.

ines i pedroКога неговата сопруга починала во 1394 година, Педро сакал да ја ожени Инес, со која веќе имал три деца, но неговиот татко не го одобрувал бракот и ја протерал Инес од дворецот.

Кога кралот сфатил дека никако не може да ги одвои, наредил да ја убијат Инес, со што предизвикал граѓанска војна меѓу него и неговиот син.

Педро триумфирал, ја закопал во кралската гробница и постхумно ја прогласил за кралица, тврдејќи дека тајно се венчале, наводно додека уште била жива. Потоа е закопан покрај неа, чекајќи го судниот ден кога повторно ќе станат и ќе бидат заедно.

Наполеон и Џозефина

Napoleon i Dzozefina_300Само што ја здогледал Наполеон бил фасциниран од убавината на Џозефина, но му биле потребни години за да ја освои.

Кога конечно ја започнале, нивната врска била исполнета со неверства и драми.

Поради тоа што не можела да му остави наследник, Наполеон ја оставил Џозефина поради друга жена, а таа умрела со скршено срце.

Наполеон никогаш не можел да ја заборави, тој од нејзината градина берел темјанушки и ги чувал сите додека не умрел.

Париз и Елена

pariz i elena

Грчката легенда за Елена од Троја и Тројанската војна е комбинација од историски факти и фантастика. Елена од Троја се смета за една од најубавите жени во целата литература.

Таа била мажена за Менелај, кралот на Спарта. Но, Париз, син на кралот Приам од Троја, се заљубил во Елена и ја грабнал.

За да ја вратат Елена, Грците собрале голема армија, која била водена од страна на братот на Менелај – Агамемнон. После долги години, борби и жртви, на крајот Троја била уништена. Елена се вратила безбедно во Спарта, каде останала да живее со Менелај до крајот на својот живот.

viktorija i albertКралицата Викторија и Принцот Алберт
Иако тоа било договорен брак, нивната љубовна приказна била искрена.

Го склопиле бракот во 1840-та година, па заедно имале девет деца. Алберт починал после 21 година брак, поради што Викторија никогаш не се опоравила, иако го надживеала 40 години. После неговата смрт носела само црно здолниште и живеела прилично повлечен живот.

salimПринцот Салеем и Анаркали
Принцот Салеем се заљубил во обична слугинка, а затоа што не можел да го прифати противењето на своите родители прогласил војна против својот татко и бил поразен.

По поразот татко му барал од него да се откаже и да ја предаде Анаркали или да биде убиен.

Салеем одбрал смрт, но Анаркали не сакала да го види својот сакан принц убиен и наместо тоа, го понудила својот живот во замена за една ноќ со Салеем. По нивната заедничка ноќ, Акбар, таткото на Салеем, ја закопал жива во гобница која постои и ден денес.

Huan i evita peron_300Хуан и Евита Перон 1940 година во Аргентина

Евита Перон е една од најмоќните жени во тоа време, поминала трновит пат од сиромашно болежливо вонбрачно дете до прва дама на Аргентина. За оваа жена, која знаела страстно да сака, но и многу да мрази, постојат многубројни митови и легенди.

Сепак Хуан и Евита биле совршен пар, таа живеела две години како негова љубовница и била до него се додека не се искачил на врвот на власта. Амбициите и на двајцата им биле големи и заедно биле совршен политички тим. Подоцна Ева починала од рак, а нејзиниот сопруг се повлекол од јавноста.

Ricard Barton i Elizabet tejlor_300Ричард Бартон и Eлизабет Тејлор

Оваа двојка се појави заедно во многу филмови, вклучувајќи ја и филмската приказна за Клеопатра и Марко Антоние.

И покрај тоа што во тоа време и двајцата биле во брак не успевале да ја сокријат привлечноста, помеѓу нив се чувствувала силна хемија.

По некое време тие се венчале, но бракот не траел многу долго. Разводот не ги спречил да ја обноват нивната романса и љубовта повторно да ја крунисаат со брак, по 16 месеци во Африка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1