После 63 години брак починале во рок од 20 минути


После 63 години брак, Хенри и Женет Де Ланго починале во рок од 20 минути. Тие не можеле да живеат еден без друг.

Целиот живот го поминале заедно, одгледале пет деца, а и заедно го напуштиле светот.49878339 - happy elderly couple in love enjoying summer day together

Починале пред десет дена во дом за старци во Јужна Дакота, а 87-годишната Женет починала прва. Нејзиниот маж ја држел за рака сè додека и самиот не го испуштил последниот здив.

– Брат ми Кит му кажа на тато дека мама отишла на небото, а сега може да оди и тој ако сака. Тато ги отвори внимателно очите и погледна каде лежеше мама. Повторно ги затвори. Легна и почина десетина минути подоцна – изјави нивниот син Ли Де Ланго.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1