Најгрдата жена погребана по 150 години (Видео/Фото)


Автохтона мексиканска жена која била изложена во „Victorian-era Europe“ музејот во Копенхаген поради нејзината рета генетска состојба која и го прикривала лицето со густа коса, во вторникот била погребана во својата родна земја. Со тоа заврши една од најпознатите епизоди на една ера, кога човечките тела беа третирани како колекционерски примероци.


zena majmunСо влакнестото лице и тело, со деформирана вилица, како и останати деформитети, Пастрана познатата уште како и „мајмун жена“, заминала од пацифичкото крајбрежје на Синаола во 1854 година, на своја 20 годишна возраст. Таа била земена од страна на Американецот Теодор Лент, според Норвешка комисија која го проучила нејзиниот случај.
Таа пеела и танцувала за публиката, со што станала сензација на европскиот контингент. Имала турнеја како низ Европа така и во Русија.

Таа и Лент се земале, по што добиле син, но заболела веднаш по пораѓањето, по што починала заедно со нејзиното бебе во 1860 година во Москва. По државните и приватните барања да се врати нејзиното тело, таа била префрлена во Синаола каде што била и погребана.

zena majmun1„Џулија Пастрана конечно си дојде дома. Таа се прероди меѓу нас. Никогш повеќе ниту еден човек да не биде објект на трговија“, изјави Саул Рубио Ајала, градоначалник на нејзинот роден град Синалоа де Лејва.

По Римокатоличката миса во локалната црква, ковчегот беше спроведен на градските гробишта и таа беше погребана додека оркестарот свирел традиционална музика.
„Приказната е толку важна“, изјавил визуелниот артист Лаура Андерсон Барбата, која ја водела кампањата за враќањето на жената.

Репатријацијата на Пастрана е дел од едно пошироко движење меѓу музеите и академските институции, да ги вратат човечки остатоци собрани во времето на Европската колонизација на Латинска Америка, Африка и Азија назад во нивните земји и племенски територии.

Стотици илјади остатоци беа отстранети од култирните институции од САД, Европа и Австралија откако прцесот на репатријација започна во периодот во 1980 години, кога нова генерација на антрополози, археолози започнаа да се занимаваат со колонијалните наследства на своите дисциплини“, изјавил Тифани Џенкинс, авторот на „Оспорувањето на човечките остатоци во музејските збирки: кризата на културниот авторитет“.

gty_julia_pastrana_dm_130213_wg

Институциите од Скандинавските земји нешто подоцна се вклучија во движењето на враќање на пронајдените, речиси пола милион останки и артефакти, во индијанските племиња.
„На Норвешка веќе и стана непријатно и скапо за да ги одржува истити тие“, изјави Џенкинс.
Мексиканскиот амбасадор во Копенхаген, Марта Барцена, официјално го доби ковчегот на 7 февруари.
„Имам измешани чувства во врска со нејзиното патување.

На некој начин мислам дека имаше интересен живот. Можеби уживала во посетите и гледањето на сите тие места, но во исто време мислам дека е многу тажно да патува низ сите тие места, не како нормално суштество, туку како еден вид на предмет кој служел како изложба“, пишува во соопштението пуштено во јавноста од страна на Марта Барцена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1