Путин сече во корен – сакаш да си пратеник – нема сметка во странска банка


Како дел од борбата против корупцијата рускиот претседател Владимир Путин поднел предлог закон до долниот дом на парламентот, со кој им се забранува на руските државни функционери, нивните брачни партнери, како и на малолетни лица да чуваат пари во странски банки.

217353_putin-afp_fЗабраната би се однесувала на сите високорангирани функционери, на вработените во државните институции и на членовите на управниот одбор на Централната банка. Од законот би биле изземени државните службеници кои работат како официјални претставници на Русија во странство.

Доколку законот биде усвоен, државните службеници ќе имаат три месеци да ги затворат своите странски сметки. Тие што нема да го направат тоа во одредениот рок ќе добијат отказ.

Крајната цел на овој закон е подобрување на националната безбедност, зголемување на инвестициите во руската економија и поефикасна борба против корупцијата.

Со законот би се забранило и поседување имот во странство и би предвидувал парична казна до 330.000 долари или затворска казна од пет години за негово прекршување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1