Најкул лик на Википедија: Преживеал две светски војни и пад на авион – умрел од старост


Преживеал пад на авион, си ги одгризал прстите и наводно си го ископал окото, се борел во сите поголеми војни во минатиот век, бил застрелан во скоро сите делови од неговото тело и на крај починал од старост.

najinteresen covek vikipedijaСамо една од горе наведените несреќи би усмртила просечен човек или барем би му оставила трајни последици, но Сер Адријан Пол Картон де Виарт ги преживеал сите.

На Википедија пишува дека тој живеел во Белгија, Египет, Англија, Индија, Јужна Африка, Полска и Кина, студирал на Оксфорд, но се откажал од школувањето за да учествува во војна.

Се борел во Првата и Втората светска војна, бил застрелан во лицето, главата, стомакот, зголобот, ногата, колкот и увото. Во една прилика лекарите не можеле да му ги ампутираат неговите прсти, па сам си ги одгризал.

NPG x45273; Sir Adrian Carton de Wiart by Henry Walter ('H. Walter') BarnettИако легендата вели дека сам си го ископал окото затоа што му пречело при нишанење, на Википедија може да се најде информација дека окото и дел од увото ги изгубил за време на непријателски напад за време на Првата светска војна. Сепак, стакленото око го извадил и го фрлил затоа што му „одело на нерви“

„Војната е забавна!“

Пред Втората светска војна бил воен советник на Винстон Черчил, а кога имал 60 години бил отпишан од војска затоа што младите генерали сметале дека е престар. Но, човек од ваков калибар не е лесно заменлив, па британската војска наскоро го повикала назад во служба.
Една година подоцна тој побегнал од италијански логор, па една недела се преправал дека е локален селанец, иако не знаел ниту еден италијански збор.

Преживеал и пад од скали, а тогаш скршил десетина коски. Војната, вели, била забавна и не можел да ги разбере луѓето кои живеле во мир и ја пропуштиле.

Овој неверојатен ентузијастички војник починал од старост во 1963 година во 83-та година од животот, а неодамна е прогласен за „најинтересниот човек на Википедија“.
Навистина е тешко да не се согласиме со ова.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1