Ојмјакон, најстуденото место на планетата Земја, температурите се симнуваат и до неверојатни -71 степени Целзиусови – се наоѓа во Русија, во Сибир.
Најниската температура некогаш измерена во селото Ојмјакон била неверојатни -71,2 степени Целзиусови!
Ова место се наоѓа на надморска височина од 750 метри, што значи дека должината на денот варира од само 3 часа во декември до 21 час во текот на летото.
Во селото има околу 500 жители. Своите домови тие ги топлат со печки на дрва и јаглен, а покрај тоалетите, многу домови имаат и т.н. полски тоалети.
Во селото има и деца кои што не одат на училиште дури откако температурите ќе паднат по -52 степен Целзиусов.
Овие луѓе се хранат со риба и месо од ирваси, а во единствената продавница која што ја имаат можат да купат и некои други потребни намерници.
Овошје и зеленчук јадат само доколку некој им донесе, ако се има во предвид фактот што во нивното село не растат никакви растенија.
Мастилото замрзнува во пенкалата, како и стаклата од очилата, многу често невозможно е работењето на електронските уреди кои што работат на батерии, а исто така, употребата на автомобили и мобилни телефони не доаѓа во предвид.
Инаку, називот на местото Ојмјакон значи “вода која не мрзне”.