Најладното село во свет – има -71 степен (Видео/Фото)


najladno selo5

Ојмјакон, најстуденото место на планетата Земја, температурите се симнуваат и до неверојатни -71 степени Целзиусови – се наоѓа во Русија, во Сибир.

Најниската температура некогаш измерена во селото Ојмјакон била неверојатни -71,2 степени Целзиусови!

Ова место се наоѓа на надморска височина од 750 метри, што значи дека должината на денот варира од само 3 часа во декември до 21 час во текот на летото.

najladno selo3Во селото има околу 500 жители. Своите домови тие ги топлат со печки на дрва и јаглен, а покрај тоалетите, многу домови имаат и т.н. полски тоалети.

Во селото има и деца кои што не одат на училиште дури откако температурите ќе паднат по -52 степен Целзиусов.

Овие луѓе се хранат со риба и месо од ирваси, а во единствената продавница која што ја имаат можат да купат и некои други потребни намерници.

najladno selo4Овошје и зеленчук јадат само доколку некој им донесе, ако се има во предвид фактот што во нивното село не растат никакви растенија.

Мастилото замрзнува во пенкалата, како и стаклата од очилата, многу често невозможно е работењето на електронските уреди кои што работат на батерии, а исто така, употребата на автомобили и мобилни телефони не доаѓа во предвид.

Инаку, називот на местото Ојмјакон значи “вода која не мрзне”.

najladno selo2najladno selo6

najladno selo

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1