Најлонските ќеси опасна закана за животната средина


Светската потрошувачка на најлонски ќеси годишно достигнува меѓу 500 милиони и милијарда парчиња. Само во САД годишно се користат 100 милијарди ќеси, за чие производство се потребни 12 милиони барели нафта.

Најлонските ќеси, кои се даваат во продавниците, а кои порано и во Македонија беа бесплатни, се најголемиот загадувач на животната средина. Тие се насекаде околу нас, во природата. Лебдат во морињата, реките и езерата, ветерот ги носи лесно и можат да се најдат насекаде низ земјата, па дури и во местата што се сметаат за недопрена природа.

najlon kesiВо Средоземното Море секој час завршуваат околу 400 тони отпад, од кои 80 отсто е пластика, при што е голем уделот токму на најлонските ќеси. Еден од најголемите загадувачи и на нашите реки и езера, покрај пестицидите се токму најлонските ќеси.

Меѓу земјите во кои е забрането нивното производство се Кина, Јужна Африка, Тајван, Бангладеш, Бутан, Израел и Руанда.

Штетни, штетни, штетни – од сите страни извикуваат заштитувачите на природата. Најпрвин во 2008 година беа забранети да се произведуваат во Сан Франциско, потоа во Хонг Конг, па Мелбурн…

Македонија беше меѓу првите земји во Европа која ги забрани најлонските ќеси за употреба во трговијата.

Инаку, Италија е првата земја од ЕУ која забрани употреба на најлонски ќеси на почетокот на 2010 година. Според проценките, секоја година еден Италијанец користи 400 најлонски ќеси и, до неодамна, Италија беше еден од најголемите производители и потрошувачи на најлонски ќеси.

Речиси секогаш кога ќе купите нешто во продавница, ќе добиете најлонска ќеса. По навика не размислувате за тоа какви штети со тоа се прават. Свеста за опасностите од најлонски ќеси не ни е на потребното ниво за да се каже дека Македонија е убава земја со сочувана природа.

Штетите од нивното користење се катастрофални и долготрајни

Пластични ќеси се виновни за смртта на илјадници птици, желки и морски цицачи кои секоја година умираат откако ќе ги изедат или се задушуваат во нив.

najlon kesi2Последиците од најлонските ќеси за животните во дивината се катастрофални. Околу 200 животински видови се загрозени и умираат поради најлонските ќеси. Според некои тврдења најлонските ќеси годишно во светот предизвикуваат чума на околу 100.000 животни, главно, во морињата и океаните.

За штетите од употребата на најлонските ќеси сведочат многу научни трудови. Тие јасно кажуваат дека ова е сериозен проблем за животната средина кој најмногу се должи на човечката недугавост.

Податоците велат дека една ќеса се користи во просек 12 минути, а се разградува во следните од 20 до 1000 години.

Најлонските ќеси, како и пластиката, се разградуваат полека и се распаѓаат на микроскопски отровни супстанци кои се нарекуваат полимери, а кои ги загадуваат почвата и водата и преку нив влегуваат во процесите на производство на храна.

Рециклирањето на најлонските ќеси е премногу скапо во споредба со цената на суровините од кои се направени, со што штетите од нивното користење постојано се зголемуваат.

Треба да помислиме што ќе им оставиме на идните генерации. Природа украсена со пластични страшила и реки и езера низ кои, наместо риби, пливаат пластични шишиња и најлонски ќеси?! Тоа зависи од нас!

Обидите тие да не бидат за еднократна употреба не дадоа резултати. Производителите на најлонски ќеси не се согласуваа дека тие се штетни. Според нив хартијата, за разлика од најлонските ќеси, е еден од најголемите загадувачи на воздухот, а забраната за употребата на најлонски ќеси ја прогласуваат за погрешно решение! Подобро е, велат, да се водат кампањи за подигнување на свеста на луѓето за нивна повеќекратна употреба. Проблемот е во човечката дисциплина.

Забраната за нивна употреба не даде резултати

Во Македонија беше донесена Наредба, од 1 јануари 2009 година, за забрана на употреба на ќеси изработени од најлонски маси во продавници, деловни простории и пазари каде што се врши трговија на мало. Забраната се однесува само на најлонските ќеси со капацитет помал од пет килограми. Оние поголемите можат да се употребуваат, а купувачите да ги плаќаат. Секој трговец кој нема да ја почитува, ќе биде казнет со 6.000 евра.

najlon kesi 3Забраната за употреба на најлонски ќеси е наметната од проблемот со нивната прекумерна употреба. Тие станаа наше секојдневие. Целта беше да се избегне создавање ваков вид отпад кој има огромно штетно влијание врз животната средина со оглед дека нивното распаѓање трае повеќе стотици години, а ако горат, поради хлорот содржан во нив, се ослободуваат канцерогени материи.

Од друга страна езерските и речните крајбрежја се затрупани од најлонски ќеси и доаѓа до задушување на животинскиот свет во нив. Исто така, тие можат да бидат и причина за поплави поради затнување на атмосферската канализација. Во иднина граѓаните ќе треба да се убедат да се преориентираат на употреба на платнени или други видови торби од траен материјал, кои ќе можат повеќекратно да ги користат.

И покрај очекувањата дека уште на стартот најлонските ќеси нема повеќе да ги користат ниту купувачите ниту продавачите, нив ги имаше и по продавниците и низ зелените пазари.

А, денес како никој да не се сеќава на наредбата. Најлонските ќеси се наше секојдневие и во продавниците и на пазарите, тоа сите го знаеме. Ефектот изостана.

Mia

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1