Најмалку 10 загинати над 40 повредени – двоен напад врз истанбулскиот аеродром „Ататурк“


Најмалку 10 лица загинаа, а 40 други се ранети вечерва при двоен самоубиствен напад врз истанбулскиот аеродром „Ататурк“, јави Би-би-си.istanbul-ataturk

– Според прелимимарните податоци загинаа 10 луѓе – изјави турскиот министер за правда Бекир Боздаг.

Турските медиуми јавуваат дека нападите ги извршиле двајца бомбаши-самоубијци кои пред локацијата за безбедносна проверка на влезот на меѓународниот терминал на аеродормот ги активирале експлозивите што ги носеле на себе.

Министерот Боздаг нагласи дека според сознанијата со кои располага, едниот од напаѓачите прво почнал да пука од автоматска пушка, по што се саморазнел.

Според медиумските извештаи, полицајците задолжени за обебзедување на аеродромот стрелале кон напаѓачите со цел да ги неутрализираат.

Агенцијата ТАСС претходно, повикувајќи се на изјави на очевицди, јави дека по експлозиите и истрелите што се слушнале на аеродормот, четири вооружени лица побегнале од аеродормската зграда.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1