Најмалку 220 загинати при налет на цунами во Индонезија, бројот на изчеснати не се знае


Најмалку 222 лица се загинати, а 843 се попвредени и за 28 се трага после цунамито кое ја погоди Индонезија.

Индонезиската агенција за метеорологија и геофизика соопшти дека во саботата цунамиот не било покренато од земјотрес, туку најверојатно од поморско свлечиште кое се појавило поради активност на вулканот Анак Кракатау.

Стотици објекти се уништени , а властите ги предупредија жителите на погодените подрачја дека се заканува ново цунами.

Подводно свлечиште , предизвикано од ерупција на вулкан е најверојатната причина за цунамито. најпогодени се плажите меѓу островите јава и Суматра во Сундскиот мореуз.

Причина за катастрофата е ерупцијата на вулканот Анак Кракатау. овој вулкан е наследник на Кракатау , кој што во 1883 година еруптираше , при што загинаа над 120 000 луѓе.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1