Најмалку 717 загинати во стампедо во Мека


Најмалку 717 верници загинаа и повеќе од 850 се повредени во човечко стампедо што се случи за време на аџилакот во градот Мина, пет километри од Мека за време на еден од ритуалите „каменување на ѓаволот“. Најголем број од жртвите се постари или инвалидизирани лица.meka stampedo

Инцидентот се случил на улица околу која се наоѓаат времени кампови каде во над 160 илјади шатори се сместени аџиите. Како причина за трагедијата се наведува дефект на воз на релација Мека-Медина. Кога возот пристигнал на перонот, вратите не се отвориле и настанала турканица во обидот на аџиите да влезат во возот. Во акцијата за помош на настраданите се вклучени повеќе од 4000 лица.

Според официјалните податоци, оваа година по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам на аџилакот во Мека пристигнале над 2 милиони аџии. Оваа несреќа следува по таа што се случи на 12 септември кога се урна кран во најголемата џамија во светот, Ал Харам во Мека, при што загинаа најмалку 100 верници и се смета за најголема по таа од 1990 година кога во стампедо во тунел во близина на Мека загинаа 1426 аџии.

Изминативе 25 години се случиле повеќе смртоносни стампеда, кога огромен број луѓе се собираат на петдневниот настан. Според исламската религија, барем еднаш во животот сите муслимани треба да го посетат ова свето место. Годинава учествуваат околу два милиони луѓе.

Најтешката катастрофа се случи во 1990-та година кога во стампедо во тунел Мина загинаа преку 1.400 лица. Во стампеда во 1994, 2004 и 2006-та година животото го загубија преку 200 аџии.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1