Најмалку две лица загинаа, а четири деца се повредени откако бура и торнадо го зафати централниот дел на американската сојузна држава Флорида, соопштија денеска локалните власти, пренесува ТАСС.
Според првичните информации предизвикана е материјална штета на десетици домови, а поради паднати дрвја е отежнато и движењето на некои патишта.
Силните ветрови предизвикаа и прекин на некои далноводи.
На целата територија на сојузната држава се регистрирани четири торнада.