Фатен крадецот што се закануваше со заразен шприц од сида


Полицијата го уапси разбојникот кој ограби аптека заканувајќи и се на вработената со шприц заразен со сида. 38 годишниот скопјанец имал и друга разбојничка тактика, со запалка во форма на пластичен пиштол и шал на лицето ограбил уште неколку дуќани и тоа за време на викенд од затворот во Штип каде одлежува казна за други кражби.

Обидот да ограби бутик со пластичен пиштол на Бит Пазар му бил последен, продавачката излегла на улица и почнала да вика „помош“, а тој избегал со празни раце.  Двајца храбри граѓани тргнале да го следат и веднаш повикале полиција. Разбојникот се криел во кола каде го чувал и  пленот од кражбите.igla
“Во просториите на полициската станица од страна на оштетените било извршено  препознавање на лице при што сите оштетените го препознале пријавениот како сторител на кривичните дела. Х.С. е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти („кражби, „тешки кражби“ и „разбојништва“) за што од страна на СВР Скопје му биле поднесени 13 кривични пријави. Инаку Х.С. во времето кога ги извршил овие кривични дела бил пуштен на викенд од од затвор од Штип каде издржувал казна- изјавија од МВР.
Ограбувал доцна попладне во време кога нема голема гужва на луѓе по улиците. Не избирал каде влегува, од биро за судски преводи на сопстениците им ги земал мобилните и ташните. Сепак за паметење е кражбата од минатата недела кога на аптекарката и се заканил со шприц, ако не му даде пари ќе ја зарази со сида. Успеал да го украде дневниот промет и четири кутии вијагра.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1