Најмалку две жртви од торнадо во Флорида


Најмалку две лица загинаа, а четири деца се повредени откако бура и торнадо го зафати централниот дел на американската сојузна држава Флорида, соопштија денеска локалните власти, пренесува ТАСС.tornado500

Според првичните информации предизвикана е материјална штета на десетици домови, а поради паднати дрвја е отежнато и движењето на некои патишта.

Силните ветрови предизвикаа и прекин на некои далноводи.

На целата територија на сојузната држава се регистрирани четири торнада.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1