Најмалку пет лица загинаа вечерва во силната експлозија која ја потресе Анкара, наведуваат турски медиуми.
После експлозијата се слушнале и пукотници.
Сведоци велат дека чад од местото на експлозијата може да се види и на оддалеченост од 2,5 километри.
Експлозијата одекна во близина на централниот Гевен парк во 18.35, а турскиот весник „Хуриет“ наведува дека во близина е и зградата на Министерството за образование. Весникот уште објавува дека одреден број возила се опожарени, а на местото на експлозијата, во близина на автобуска постојка, пристигнати се голем број амбулантни возили.
Приватната телевизија НТВ соопштува дека веројатно станува збор за автомобил-бомба, додека станицата ТРТ потврдува дека станува збор за автомобил-бомба, но дека тој се судрил со автобус