МАСАКР НА ПЛАЖА: Извикувале „Алах Акбер“ и убивале се по ред (ВОЗНЕМИРУВАЧКО)


Најмалку 12 лица се убиени во пукањето близу крајбрежен хотел во градот Гранд-Басам во Брегот на Слоновата Коска, соопшти египетскиот весник „Дејли стар”, пренесува ТАСС.

Според изданието, кое се повикува на очевидец, група од околу десетина луѓе, кои скандирале екстремистички пароли, отворила оган од автоматско оружје. Трагедијата се случила близу хотелот „Етоал ду сјуд”, Очевидци раскажуваат дека имало најмалку 13 напаѓачи, кои пристигнале со чамци, слегле на плажата извикале „Алах Акбар“ и отвориле оган кон посетителите.obala-slonovace-teroristi-napad-1

,,Видов седуммина мртви и тоа го снимив. Беа четворица напаѓачи. Јас пливав кога сето тоа почна и потоа побегнав,, изјави Драман Кима за британските медиуми.

Си-Ен-Ен го пренесе соопштението на Владата на таа земја во кое се наведува дека вооружени напаѓачи отвориле оган на луѓето на плажата пред два хотели во летовачиштето Гранд Басам. Во соопштението се додава дека безбедносните сили одговориле на нападот.

Локалните медиуми соопштија дека петмина од напаѓачите се мртви, а по другите се уште се трага.

Локалната власт соопшти дека во инцидентот жртви се пет мажи, пет жени и едно дете, но без да прецизира дали се тие мртви или ранети.

Локалните власти уште известуваат дека убиени се петмина напаѓачи, а по други пет се трага.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1