Најмалку 27 загинати во експлозијата во Анкара


Во експлозијата која вечерва ја потресе Анкара загинаа најмалку 27 лица, а 75 се повредени, јави ТАСС, повикувајќи се на соопштение на локалните власти.

Според првичната информација, напаѓач-самоубиец со автомобил-бомба ја предизвикал експлозијата близу автобуска постојка во Анкара.ankara_teroristicki_napad-44023

Засега нити една терористичка организација не ја презеде одговорноста за нападот.

Местото на експлозијата е обезбедено од полицијата и спроведена е евакуација во тој дел од градот во случај да дојде до втора експлозија. Повредените веднаш се префрлени во болница.

Врховниот совет за радио и телевизија на Турција објави забрана за медиумско покривање од местото на експлозијата.

Дел од медиумите соопштуваат дека после експлозијата се слушнале и пукотници.

Сведоци велат дека чад од местото на експлозијата може да се види и на оддалеченост од 2,5 километри.

Експлозијата одекна во близина на централниот Гевен парк во 18.35 (локално време), а турскиот весник „Хуриет“ наведува дека во близина е и зградата на Министерството за образование. Весникот уште објавува дека одреден број возила се опожарени, а на местото на експлозијата, во близина на автобуска постојка, пристигнати се голем број амбулантни возили.

Приватната телевизија НТВ соопштува дека веројатно станува збор за автомобил-бомба, додека станицата ТРТ потврдува дека станува збор за автомобил-бомба, но дека тој се судрил со автобус.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1