Видео: Најмалото пенкало кое црта 3Д


По појавувањето на 3Д печатачи, се појави и 3Д пенкало со кое  може да се пишува и црта во воздух со топење на пластиката пренесува „Дејли мејл“. Со притискање на копчето за само неколку секунди може да се направат најтразлични објекти од тенка пластика. Компанијата „Ликс“ која ја  измисли оваа иновација во моментов собира пари за да може нивниот производ да се најде на пазарот. Иако ова не е прво пенкало кое прави 3Д објекти, сепак неговите изумители се надеваат дека ќе почне масовно да се продава затоа што е најмалото 3Д пенкало направено до сега.

Пенкалото работи на принцип на 3Д принтери. Ја загрева обоената пластика на 150 степени и брзо ја топи и така овозможува правење на цврсти структури кои можат да стојат. Ова мало алуминиумско изумче работи на струја и може да се прикачи на компјутер преку УСБ кабел.  Треба да се најде на пазарот од септември во црна и сива боја, а ќе чини 139,95 долари.

464911_3d-olovka-predmet1_f

464912_3d-olovka-predmet_f

464913_article26166561d7887dd00000578998634x350_f

 

 

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1