Девојката од Канада која имала само 12 години кога учествувала во убиството на своето семејство, само затоа што тие не ја одобрувале нејзината врска со постар маж, сега се подготвува за враќање во „реалниот живот и реалниот свет“ кога ќе заврши нејзината казна идната пролет. Девојката планира да се врати во општеството и да се социјализира, но и да се запише на факултет.
Според полициските извештаи, трагите од крвавото злосторство и местото на трагедијата изгледале брутално. Мајката била избодена, таткото им подлегнал на ударите од тепачката со нејзиното тогашно момче, а телото на малото момче било пронајдено на кревет со нож забоден во грлото, со отворени очи и уста.
Таа денес има 21 година, но останува неименувана поради законот за кривични дела на малолетници. Осудена е заедно со своето тогашно момче за убиство на нејзината мајка, татко и осумгодишниот брат, во април 2006 година. Нејзината затворска казна од 10 години истекува на 7 мај 2016 година. Казната подразбирала и рехабилитација, што е предвидено со закон за малолетните престапници.