Најнови детали за потрагата по исчезнатите татко и син


Рефик Пајковски, командир на Полициската станица – Ростуше кој раководи со потрагата по исчезнатите Љубомир Мицевски (78) и неговиот син Сашо (50) од Скопје, кои исчезнаа минатиот четврток додека береле печурки над селото даде информации за потрагата.planina-it-pixa

Седми ден сме на терен без престан, го пребаравме секое камче, секоја педа од локацијата – За жал, засега нема никаква трага. Преморени сме, но не застануваме. Секој изминат час е важен и продолжуваме да го пребаруваме теренот околу Лазарополе во потрага по двајцата исчезнати.

Тие дента од својата викендичка во Лазарополе тргнале да берат печурки на планината Бистра, а вечерта се јавиле очајно барајќи помош со зборовите „помагајте, се изгубивме“.

– Ние ќе побараме повторно хеликоптери да го надлетаат терен оточекуваме на помош да ни се приклучат алпинисти од алпинистички клуб. Овие денови специјалците не се вклучени во потрагата поради други ангажмани и полициски акции – вели командирот.

Љубомир Мицевски и неговиот син Сашо, кој е вработен во МВР, последен пат телефонски контактирале со своите роднини и пријатели на 14 јули во 22 часот. Во тој краток телефонски разговор рекле дека се изгубиле и заминале во непознат правец. Рекле и дека батеријата од телефонот им е при крај и токму затоа не можеле да остварат повторен контакт.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1