Најнови докази – генетиката е виновна за неплодноста


Најновите истражувања покажаа дека грешка во гените би можела да биде една од причините за неплодноста кај мажите.

Без оглед на фактот што кај 40 – 50 отсто од случаевите на неплодноста проблемот е кај мажите, лекарите често не можат да ја откријат причината за тој проблем.

Со оглед на тоа дека машката неплодност е по честа во некои семејства, научниците веруваат дека во основа проблемот го предизвикуваат гените, пренесува порталот „Мој доктор“.

Поради тоа британските и француските научници го испитувале NR5A1 ген, за кој се знае дека игра огромна улога во половиот развој кај мажите и жените.

Од 315 здрави мажи, кои поради нејасни причини не можеле да произведат сперма, четири отсто од нив имале мутација во овој ген. Иако тоа е мал процент научниците се надеваат дека нивното истражување ќе послужи како темел на идните слични истражувања.

Резултатите од истражувањето се авени во специјализираното списание “American Journal of Human Genetics”. Доктор Ана Башамба објаснува дека резултатите до кои дошле во текот на истражувањето покажуваат дека некои облици на машка неплодност можат да бидат индикатор на абнормалност во развојот на тестисите, поради што е многу важно добро да се прегледа мажот кој се јавува кај лекар поради неплодност и абнормално ниво на полови хормони.

Стручните лица наведуваат дека околу 15 проценти од паровите имаат проблеми при зачнување на првото дете, за што во 25 отсто од случаите виновни се и двајцата партнери.

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1