Најново: Студенти измислиле ракавици кои јазикот на глувонемите го претвораат во говор


Тројца студенти од Украина создале ракавица со сензори која со помош на соодветна апликација јазикот на глувонемите го претвора во говор.

 Како што пренесува радио Слободна Европа овие ракавици го освоиле првото место на натпревар кој го организирал Микрософт за 2012 година кој неодамна се одржа во Сиднеј.

 Украинците победиле во категоријата во која се натпреварувале 350 студенти од 75 земји.

 Овие ракавици на глувонемите и оние со оштетен слух би им овозможиле да комуницираат со лица кои не го разбираат јазикот со знаци.

 Студентите објасниле дека до идејата дошле кога во една продавница виделе дека една од работничките имала проблем во комуникацијата со глувонемо лице.

 – Помисливме колку би било убаво кога би постоел некаков уред со кој би се прескокнала таа граница. Наскоро сфативме дека никаде не постои ништо слично. За време на разговорите со глувонемите лица од нашето училиште дојдовме до заклучок дека таков уред навистина би помогнал во комуникацијата помеѓу нив и остатокот од светот, навеле студентите во пријавата за натпреварот.

 Ракавиците се лесни за употреба, евтини за производство, и секоја ракавица има 15 сензори кои ги дешифрираат движедата направени во воздух, а апликацијата „ENABLE TALK“ ги претвора овие движења во говор.

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1