Секс во авион?! – Имајте пријатен лет


Колку пати сте фантазирале за секс во авион со партнер кој толку многу ве привлекува, што не можете, а сепак морате да му одолете додека заедно патувата?

Доколку сте подготвени да издвоите 425 долари оваа фантазија може да стане реалност.

Всушност, авиокомпанијата „Flamingo Air“ од Охајо во својата понуда има пакет кој може да се купи по наведената цена, а кој подразбира едночасовен лет со моќни афродизијаци – чоколадо и шампањ. Тука е и дискретниот пилот што нема ни да забележите дека е во авионот. Нормално тој има обврска никому да не каже со кого сте, што и кога правите.

Дејв Мекдоналд, пилот и косопственик на компанијата изјавил дека при секој ваков лет му се случувале по неколку смешни ситуации како што е на пример удар по главата со плутениот затворач на шампањското или со штикла. Исто така тој изјавил дека многу е задоволен што за време на летот има слушалки на ушите, па не мора да слуша што му се случува зад грб.

Затоа, ако на вашиот партнер наскоро му се ближи роденден, би сакале да одбележите годишница или едноставно без никаков повод сакате себе и партнерот да си овозможите едночасовно жешко патување кое ќе остане долго во вашето сеќавање, па дури и подолго отколку 10 дена на море, тогаш овој пакет е полн погодок за вас.

Имајте пријатен лет!

 

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1