Најопасниот милионер во светот: Сите околу него мистериозно исчезнувале, а потоа била откриена вистината


Членот на едно од најбогатите њујоршки семејства, најстариот син на сопственикот на девет повеќекатници на елитни њујоршки локации, Роберт Дурст, ја имал таа несреќа, или станува збор за нешто друго, што во текот на неговиот живот околу него исчезнале или со насилна смрт умирале негови блиски луѓе.robert-durst-milioner-ubiec-05

Септември 2001. година, Галвестон, Тексас. На детективот Гери Џонс му било јавено дека младо момче во морето пронашло нешто што изгледа како тело. Нема глава, нема нога, нема рака, само торзо. “Сум истражувал неколку тешки убиства во кариерата, но никогаш не сум имал распарчена жртва. Знаев дека случајот ќе биде интересен. Но не можев ни да замислам во што ќе се претвори”, рекол детективот.

Убиениот се викал Морис Блек. Во станот до него живеела постара глувонема жена по име Дороти, која често била отсутна. Сопственикот на станот на полицајците им рекол дека е често отсутна бидејќи многу патува, но го платила станот за една година. На детективите им била сомнителна па го пребарале станот. На подот пронашле мали гребнатини. Кога форензичарите го завршиле своето, детективите го дознале дека го имаат местото на злосторството. Блек бил распарчен во тој стан. Но, која била мистериозната станарка?

Ништо во домот не велело дека таму живее жена. Детективите го пребарале и ѓубрето – кутија Малборо, прибор за бричење, пластични чаши за кафе и лист со закажан лекарски преглед на име Роберт Дурст. Имале среќа и го пронашле кај докторот. Бил уапсен и мислеле дека приказната е тука завршена. Меѓутоа, тоа не бил крајот, а секако не бил ни почетокот на бизарната приказна за Роберт Дурст.robert-durst-milioner-ubiec-01

На неговата сопруга ѝ се загубил траг во 1982. година. Семејството и пријателите на 29-годишната Кетлин биле убедени дека Роберт ја убил бидејќи неколку пати тврдела дека ја тепал. Нејзиното тело не било никогаш пронајдено.

Речиси 20 години подоцна, апсењето на Роберт во Тексас било можност грешката да се исправи – барем така се надевало семејството на Кетлин.

Во нејзиниот случај немало докази, но форензичките траги без трошка сомнение ја ставиле секирата со која бил распарчен Блек во рацете на Роберт. Откако еден период бил во бегство, богатиот Њујорчанец бил фатен како краде сендвичи и фластери во еден дракстор, иако во себе имал 500 долари.

Во неговиот автомобил имало марихуана, два пиштоли, пари и возачката дозвола на име Морис Блек.

На судењето признал дека по расправија во самоодбрана го убил својот сосед. Меѓутоа, на неговите скапи адвокати им успеало да го ослободат. Судот пресудил дека Дурст е виновен за распарчување на Морис Блек, но не и за неговото убиство.

По отслужувањето на казната од неколку години, Дурст бил пуштен на слобода. Неговиот случај бил толку необичен и предизвикал полемики, што се појавил и на документарни филмови. Документарците интервјуирале цела низа на луѓе.

Режисерите успеале пред камери да го доведат и самиот Дурст. “Немам што да кријам”, рекол Дурст зборувајќи им за детството, за неговата мајка која загинала по пад од кров, за која рекол дека се самоубила – и за ривалството со братот Даглас, кој, иако бил помлад, го преземал семејниот бизнис.

Дошле до случајот на Кетлин. По повеќе од 15 години – 1999. година, њујоршката полиција во тајност отворила нова истрага. На другиот крај на Америка живеело лице кое можеби можело да им помогне. Сузан Бергман била ќерка на познат њујоршки мафијаш, пријателка на Роберт од младоста. Биле блиски 40 години. Добро ја познавала и неговата исчезната сопруга. Кога истрагата станала јавна, еден месец подоцна Бергман била пронајдена мртва во својот стан.

Во времето кога била убиена, Дурст бил во Калифорнија. Ја напуштил земјата – покажала авионската карта. Се преселил во Тексас, каде живеел претворајќи се во жена. Знаел дека е отворена нова истрага за Кетлин. А потоа, во 2001. година, во морето во заливот Галвестон испливало распарченото тело.

Можеби несреќниот милијардер ќе се извлечел со сè што направил доколку не се случеле документарните мини-серии. Авторите на документарците копале длабоко и биле сигурни дека нивниот главен јунак е злосторник. Во неговата вина станале уверени кога роднина на Сузан Бергмен пронашол писмо кое го пратил Дурст. На ковертот била напишана адреса, а се појавила истата правописна грешка која ја направило лицето кое ја известило полицијата за смртта на Сузан. Покрај тоа, авторите пресметале дека Дурст имал доволно време да ја убие и да замине далеку создавајќи алиби.

Роберт Дурст бил уапсен во хотел во Њу Орлеанс во кој се пријавил со име Еверет Ворд. Пред апсењето збунето лутал низ ходниците зборувајќи сам со себе. Кај него биле пронајдени 38-калибарски револвер, муниција, марихуана, документи, мобилен телефон, маски од латекс за лице и 42.000 долари.

Обвинителството во Лос Анџелес издало налог за апсење поради убиството на Сузан Бергман од 2000. година, и така бил уапсен.

Подоцна се огласило и неговото семејство, објавувајќи дека чувствуваат олеснување и дека се надева дека Роберт конечно ќе преземе одговорност за тоа што го направил.

Дурст ја признал вината пред федералниот суд во Њу Орлеанс за илегално поседување на оружје. Доделена му била казна од 7 години затвор.

Дурст бил префрлен во Лос Анџелес каде чека најново судење. Во медиумите се пишувало и дека полицијата наводно ја истражува неговата поврзаност со исчезнување на повеќе тинејџерки. Меѓутоа, Дурст никогаш не бил обвинет за тие случаи.

Tocka.com.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1